ПРЕДМЕТОТ ЗА ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС“ СО 2 ВОЗИЛА И ПОЛИЦИСКА ПРИДРУЖБА СЕ ТРАНСПОРТИРА ВО СКОПЈЕ Кривичниот суд ќе го оценува обвинителниот акт за 34 лица
Предметот, заедно со сите приложени списи и докази, се носи во Кривичниот суд Скопје, согласно одлуката на Врховниот суд. Таму ќе биде предаден на службите за понатамошна постапка, вели претседателот на Апелацискиот суд Штип, Тони Делев.
Со два автомобила и со полициска придружба се врши транспортот на предметот за пожарот во диксотеката „Пулс“ од Основниот суд во Кочани до Кривичниот суд Скопје.
– Од Основниот суд во Кочани предметот, заедно со сите приложени списи и докази, се носи во Основниот Кривичен суд Скопје, согласно одлуката на Врховниот суд. Таму ќе биде предаден на службите за понатамошна постапка – вели претседателот на Апелацискиот суд Штип, Тони Делев.
Тој посочува дека станува збор за обемен материјал, а доказниот материјал е сместен во две возила.
– Понатаму ќе одлучува Основниот Кривичен суд Скопје. Ќе се оценува обвинителниот акт, највероватно ќе има и приговори. Целата постапка ќе се спроведе како што предвидува законот – вели Делев.
Во истражната постапка за предметот „Пулс“ беа ангажирани сите судии во Основниот суд во Кочани, еден од Виница, тројца судии од Основниот суд во Штип и сите судии од штипска Апелација, кои одлучуваа за жалбените постапки и за решенијата за притвор.
Во овој предмет обвинети се 34 лица и три правни субјекти.
Во трагедијата во дискотеката „Пулс“ што се случи на 16 март, загинаа 62 лица, а над 200 беа повредени.