ОД ПЕТОК ПОСКАПИ ПАТАРИНИ ВО СРБИЈА Од Прешево до Белград ќе се плаќа 16 евра

Возачите кои користат електронска наплата на патарина (TAG) сè уште можат да сметаат на одреден попуст, па затоа се препорачува да го користите, особено ако често патувате.

1,505

Во Србија од 4 јули треба да се зголемат патарините за околу 4,2% по изминат километар, соопшти тамошното  Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура. Зголемувањето на износот на патарините треба да го одобри и српската влада.

Според пресметките на српслите медиуми, возачите со автомобил  од петок за користње на автопатот од ганичкиот премин Прешево до Белград ќе плаќаат по 1.970 динари (15,85 евра)  патардина, додека од Прешево до  Суботица  ќе треба да платат 2.815 динари ( 22, 64 евра) за патрина.






Износот на патарина зависи и од автопатот низ кој се вози. Така од Белград до  Димитровград новата цена е 1.740 динари, Белград – Ниш  1.170 динари, Суботица – Димитровград 2.575 динари, Нови Сад – Ниш 1.490 динари и Ниш – Шид 1.690 динари

Возачите кои користат електронска наплата на патарина (TAG) сè уште можат да сметаат на одреден попуст, па затоа се препорачува да го користите, особено ако често патувате.

Сепак, важно е да знаете дека ако ја немате картичката што ја добивате при влегување на автопатот, или е оштетена или е стара повеќе од 24 часа, може да ви биде наплатена најдолгата дистанца од таа делница и дополнителните трошоци за итна постапка.

Поврзани содржини