СКОПЈАНКА СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛА НА МАЈКА И ДЕТЕ Соседска кавга завршила со закани по живот
Според информациите на Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на Бит Пазар по вербална расправија меѓу соседките, која прераснала во физичка закана.
56-годишната С.К. од Скопје вчера била приведена откако била пријавена дека со остар предмет упатила сериозни закани кон нејзината сосетка М.А.А. (39) и нејзината малолетна ќерка.
Според информациите на Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на Бит Пазар по вербална расправија меѓу соседките, која прераснала во физичка закана. С.К. наводно со остар предмет се доближила кон мајката и ќерката, упатувајќи им сериозни закани по нивниот живот и безбедност.
Брзата реакција на полицијата спречила потенцијално посериозен инцидент, а лицето е веднаш приведено. По целосно документирање на случајот, против С.К. ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното обвинителство.