АЦВ ЌЕ ПОКРИЕ 50% ОД ОБУКИТЕ ЗА ПИЛОТИ И ДРУГ ЛЕТЕЧКИ ПЕРСОНАЛ Објавен повик за финансирање на 27 кандидати

Сатнува збор за обука на вкупно 27 кандидати за стекнување на дозвола и тоа:7 за пилоти на авион PPL(A),  3 за пилоти на едрилица, 5 за пилоти на ултра лесни авиони, 10  за пилот на параглајдер и 2 кандидата за стекнување дозвола за падобранец.

602

Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) ќе покрие половина од потребните пари за обуки на кандидати за стекнување на дозволи од областа на летачки операции, соопшти денеска директорот Драги Стојаноски.

Јавниот повик за кофинансирање на овие обуки е објавен денеска.






Станува збор за обука на вкупно 27 кандидати за стекнување на дозвола и тоа: 7 за пилоти на авион PPL(A), 3 за пилоти на едрилица, 5 за пилоти на ултра лесни авиони, 10 за пилот на параглајдер и 2 дозволи за падобранец.

– Со ова се потрудивме да опфатиме поширок спектар на воздухопловен персонал, дел – обуки кои се основа за понатамошен професионален развој и градење на професионална пилотска кариера и дел на обуки од областа на воздухопловно спортски активности како стимул за досегашните високи резултати постигнати од поединци, тимови и репрезентацијата на европски и светски натпревари – вели Стојаноски.

Како што соопштија од АЦВ, покрај тоа што ќе создадеме минимум 27 нови воздухопловци, целта на овој проект е да ги раздвижи и обнови активностите во аеро клубовите и спортските аеродроми кои соочувајќи се со финансиски проблеми, нерешени имотно правни односи, без помош од државата – полека замираат, а кои во минатото беа основата за создавање на персонал кој подоцна го користеле и МО, воздухопловните единици на МВР, СОЗР, ДЗС – пилоти на АТ 802А Fire Boss, како и Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Според повикот може да се пријават кандидати на возраст од 18 до 30 години, со средно образование, кои треба да познаваат англиски јазик на Б2 ниво, да се психофизички способни, а ќе се полагаат и тестови по физика и математика.

На повикот немаат право да се пријават лица кои се во сродство со вработени во Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Конкурсот трае 15 дена и може да се продолжи, ако нема доволен број пријавени.

Поврзани содржини