2.500 ДЕНАРИ ЕДНОКРАТНА ПОМОШ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ СО НИСКИ ПРИХОДИ ОД КИСЕЛА ВОДА Парите утре ќе ги добијат 1.388 пензионери

Наредните денови ќе се исплатат и парите на останатите 1.800 презнионери, информираа од Општината.

5,369

 Вкупно 3200  пензионери  со ниски примања жители на општина Кисела Вода утре ќе добијат еднократна помош од 2.500 денари која ќе им биде исплатена директно на своите сметки, информира општината.

Утре ќе биде исплатена првата тура во која влегуваат 1.388 пензионети, а наредните денови ваква помош ќе добијат и останатите 1.800 пензионери.






Станува збор за жители на општината кои се приматели на старосна, инвалидска, семејна или социјална пензија, а чии месечни примања не надминуваат 22.640 денари.

Мерката, како што велат од општината, има цел да го подобри животниот стандард на повозрасната популација, и покрај директната финансиска помош, го вклучува и покривањето на персоналниот данок.

– Нашите највозрасни сограѓани се столбот на државата и нашето општество. Со почит кон нивниот труд и животен придонес, продолжуваме да градиме заедница во која секој е вреднуван и поддржан. Денес ги потпишав налозите со кои доделуваме финансиска поддршка на пензионерите со ниски примања, а веќе утре во текот на денот парите ќе бидат префрлени на нивните сметки- вели градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Сето ова, вели тој,  е резултат на нашата посветеност да создадеме општество во кое секој пензионер ќе има подобар квалитет на живот.

Поврзани содржини