ЛУГАНСКАТА НАРОДНА РЕПУБЛИКА 100% СЛОБОДНА Русија молчи, ама изгледа оствари една од важните цели на војната со Украина

Шефот на Луганската Народна Република, Леонид Пашечник, ја соопшти информацијата во живо за време на гостување на Првиот канал на руската телевизија. Тој изјави дека пред 2 дена добиле извештај според кој целата територија на Луганската Народна Република е „100% ослободена“.

2,090

Руската армија ја презеде контролата врз целата територија на Луганската Народна Република (ЛНР), соопшти локалниот гувернер, Леонид Пашечник, во понеделникот, објави порталот на РТ.

Пашечник ја даде изјавата во живо на Првиот канал на руската телевизија.






– Само пред 2 дена пристигна извештај дека територијата на Луганската Народна Република е целосно ослободена, 100% – изјави Пашечник.

Руското Министерство за одбрана досега нема издадено официјално соопштение во врска со тврдењето на гувернерот на ЛНР.

Руската армија ги освои двата најголеми градови во регионот кои беа под украинска контрола – Северодоњецк и Лисичанск – за време на летната офанзива во 2022 година. Набргу потоа ја презеде контролата и врз нивната околина, а фронтот во ЛНР оттогаш речиси не се менува.

Украинската војска сè уште контролираше околу 100 квадратни километри на северозападот од ЛНР, вклучувајќи појас земјиште северно од градот Макеевка, каде што имаше неколку села – сега напуштени и уништени.

Киев долго го контролираше и Сребрјанскиот шумски појас, област северно од реката Северски Донец, која ја дели ЛНР од нејзината „сестринска“ република – Доњецк.

Во оваа шума со месеци се воделе жестоки рововски борби, без да направи значителен пробив ниедна од страните.

Што е Луганската Народна Република?

Луганската Народна Република (ЛНР) е самопрогласена формација на источниот дел од Украина, која настана по вооружениот сепаратистички бунт во Донбас во 2014 година.

Поддржана од Русија, ЛНР функционираше како де факто ентитет без меѓународно признавање, со седиште во градот Луганск. Во февруари 2022 година, непосредно пред руската инвазија врз Украина, Москва официјално ја призна ЛНР како „независна држава“, а неколку месеци подоцна организираше референдум и ја анектираше територијата како дел од Руската Федерација — потег што Украина и Западот го сметаат за нелегален.

Поврзани содржини