ТРАМП МУ СЕ ЗАКАНИ НА КАНДИДАТОТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ЊУЈОРК „Или ќе работиш како што треба или нема пари!“

Во интервју за Фокс њуз, Трамп рече дека победата на Мамдани е „незамислива“, бидејќи смета дека тој е „чист комунист“.

400

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе го прекине федералното финансирање на градот Њујорк ако водечкиот кандидат за градоначалник, демократот Зохран Мамдани, „не се однесува како што треба“ ако биде избран на таа функција.

Во меѓувреме, Мамдани негираше дека е комунист, како што тврди претседателот. Мамдани, сепак, потврди дека е посветен на зголемување на даноците за најбогатите њујорчани, велејќи дека мисли дека „не треба да има милијардери“ бидејќи нееднаквостите во општеството се премногу големи.






Во интервју за Фокс њуз, Трамп рече дека победата на Мамдани е „незамислива“, бидејќи смета дека тој е „чист комунист“.

„Ако биде избран, јас и натаму ќе бидам претседател, а тој ќе мора да работи како што треба, или нема да добие пари“, порача Трамп, пренесува „Гардијан“.

Поврзани содржини