ДУИ НЕ МОЖЕ ДА СЕ КРИЕ ЗАД МОЛКОТ Бришењето на дијаспората од пописот е тешко предавство, обвини Вреди

270

Повеќе од 20 години на власт, ДУИ со своите деструктивни политики не донесе развој, туку иселување. Не само што ги натера стотици илјади Албанци да емигрираат, туку со пописот на населението во 2021 година ги избриша и оние што останаа. Пописот се претвори во средство за намалување на реалноста на Албанците во државата, додека раководството на ДУИ, како и секогаш, одбра да молчи пред уште едно ново политичко злосторство, реагираше Вреди.

– Но, молчењето не е доволна за да се избегне одговорноста. Албанскиот народ бара одговори, зошто беше прифатено од нивна страна да дијаспората се третира како „нерезидентна”, кога токму таа ја одржува економијата и ги помага семејствата во секојдневието? Како што ветивме, Вреди секојдневно ќе ја открива болната вистина за еден процес кој требаше да биде огледало на реалноста, а се претвори во измама и срамно предавство од страна на ДУИ кон Албанците. Следните примери на манипулација се јасни и документирани, особено во струшкиот регион: Во селото Радолишта се регистрирани само 1.344 жители над 18 години, додека на изборите во 2024 година гласале 2.397 граѓани, или повеќе од 1.000 разлика. Во Велешта се регистрирани 2.196 жители, а гласале 2.377, речиси 200 повеќе. Во Ливадија, исто така, има повеќе гласачи од што регистрирани жители. Со вакви потези ли мислевте да го намалите бројот на Албанците во државата? – рече портпаролот на Вреди, Дритон Сулејмани.






Сега се поставуваат и други прашања на кои ДУИ никако не смее да молчи, додаде тој.

– Зошто беше потпишана методологија што го намалува бројот на Албанците во земјата? Зошто не се заштити придонесот на дијаспората во животот на оваа држава? Зошто прифативте Албанците надвор од земјата да се одделат од остатокот на народот? Овие ЗОШТО не се само прашања, тие се обвиненија што тешко паѓаат врз тие што го искористија пописот за партиски интереси. Ако ДУИ мисли дека ќе го помине ова со молк, тешко се лаже, затоа што Вреди нема да престане да ги открива вистините што се покриени преку овие измами. И ова е само почетокот – изјави Сулејмани.

Поврзани содржини