ЕДНОСТАВНО, МОДЕРНО И ПОДОБРО МОБИЛНО БАНКАРСТВО Комерцијална банка ја претстави новата мБанка

Новата мБанка постепено ќе станува достапна и очекувај наскоро твојот уред да преземе најнова верзија од апликацијата, велат од Комерцијална банка.

118
Комерцијална банка со задоволство ја претставува новата мБанка, која го носи мобилното банкарство на повисоко ниво. Новата мБанка е наменета за клиентите кои очекуваат ефикасност, леснотија и достапност, секогаш и секаде. Таа е одговор на современиот начин на живеење, кога времето е драгоцено, а флексибилноста привилегија. Доаѓа со современ, интуитивен и минималистички дизајн, брза и едноставна навигација, подобрени и поефикасни функционалности. Новата мБанка ти овозможува: • 24/7 контрола и пристап до сите твои банкарски производи, • Брзи плаќања и преноси со шаблони, Плати на пријател, Подели сметка и новитетот Visa Direct, • Бесплатни известувања за приливи и одливи, • Лесна контрола и пристап до твоите платежни картички, • До 80 % пониски надоместоци за платежни трансакции отколку на шалтер, • Опција за целосно дигитален потрошувачки кредит до 1.000.000 денари преку OneID. Новата мБанка постепено ќе станува достапна и очекувај наскоро твојот уред да преземе најнова верзија од апликацијата. Со ова современо и технолошки напредно дигитално решение, Комерцијална банка уште еднаш потврдува дека инвестира во иднината на банкарството. – Банкарството го правиме дигитално, достапно и прилагодено на навиките и очекувањата на нашите клиенти затоа што веруваме дека модерното банкарство треба да биде во функција на секојдневните потреби и секогаш при рака. Новата мБанка е резултат на таа визија. Создадена е да понуди доверлива, брза и кориснички ориентирана услуга, со која клиентите ќе добијат уште поголема слобода и контрола во управувањето со своите лични финансии – изјави Никола Џамбазовски, Главен директор за продажба и развој и член на Управниот одбор на Комерцијална банка. Нов изглед, ново искуство и нови можности – сè е тука со новата мБанка, изработена во соработка со домашната компанија Некстсенс. Повеќе информации за новата мБанка се достапни на следниот линк.
Поврзани содржини