ВОЗЕЛА СО 2,23 ПРОМИЛИ, ПРЕДИЗВИКАЛА НЕСРЕЌА И ПОБЕГНАЛА Полицијата привде 19-годишна радовишанка

Како што информираат од СВР Струмица, на 29 јуни 2025 година во 06:30 часот на улицата Самоилова во Радовиш, полициски службеници од ОВР Радовиш ја лишиле од слобода Т.К. (19) од Радовиш.

1,253

Деветнаесетгодишна девојка од Радовиш е приведена утрово, откако под дејство на алкохол предизвикала сообраќајна несреќа, а потоа го напуштила местото на инцидентот. Информацијата ја потврди Министерството за внатрешни работи.

Како што информираат од СВР Струмица, на 29 јуни 2025 година во 06:30 часот на улицата Самоилова во Радовиш, полициски службеници од ОВР Радовиш ја лишиле од слобода Т.К. (19) од Радовиш.






– Лицето управувало моторно возило и предизвикало сообраќајна несреќа, по што го напуштило местото на настанот. По преземени мерки, било утврдено дека таа возела под дејство на алкохол, при што е измерена концентрација од 2,23 промили во крвта – велат од полицијата.

Од Министерството информираат дека Т.К. е задржана во Полициската станица Радовиш и дека по целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Поврзани содржини