„РУСИТЕ И УКРАИНЦИТЕ СЕ ЕДЕН ИСТ НАРОД“ Помошникот на Путин тврди дека и едните и другите потекнуваат од иста историска татковина

529

Историската судбина на Русија и Украина е една, еден народ живее во овие две земји, затоа Руското военоисториско друштво не создава посебна содржина за украинските деца, рече Владимир Медински, помошник на претседателот на Руската Федерација и раководител на Руското военоисториско друштво (РВИСТД).

– Кога создаваме историска содржина, не ги одделуваме украинските од руските деца и не создаваме нешто специфично за Украина. Ние ја почитуваме, ја знаеме и ја сакаме историјата на талентираните и вредни луѓе на древните руски земји од двете страни на Днепар, Новорусија и Крим. Ние сме еден народ, имаме една историска татковина – рече Медински во интервју што го пренесоа руските медиуми.






Тој изрази надеж дека украинските ученици, како и возрасните, наскоро ќе можат слободно да пристапуваат до рускиот интернет.

– Навистина сакам да верувам дека во блиска иднина и учениците и возрасните во Украина ќе можат да ја користат целата разновидност на рускиот интернет простор и нема да им треба никаква посебна содржина – рече Медински.

Поврзани содржини