НАД 1 МИЛИОН ЕВРА ИСПЛАТЕНИ НА ИГРАЧИ ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ Видеолотарија Касинос Австрија со рекорден мај

21 ВЛТ играч во мај станаа милионери, освојувајќи добивки вредни вкупно 30.737.991 денари. Среќата не ја заобиколи ниту останатата публика – 2.075 играчи добија МИНИ џекпот добивки, во вкупна вредност од 9.317.419 денари.

388

Видеолотарија Касинос Австрија им исплати неверојатни 69.662.549 денари на своите играчи во мај, само за ВЛТ (видеолотариски терминали) добивки. Податоците покажуваат дека овој месец руши рекорди – забележани се 4 добитници на СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот, 21 добитник на МИЛИОНЕР џекпот и дури 2.075 играчи кои освоиле МИНИ џекпот.

Изминатиот месец е еден од најуспешните досега за љубителите на ВЛТ игрите, велат од компанијата, која веќе десет години оперира на македонскиот пазар. Според нивните податоци, четворица играчи го освоиле посакуваниот СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот и заедно поделија 29.607.139 денари.






Освен нив, 21 ВЛТ играч во мај станаа милионери, освојувајќи добивки вредни вкупно 30.737.991 денари. Среќата не ја заобиколи ниту останатата публика – 2.075 играчи добија МИНИ џекпот добивки, во вкупна вредност од 9.317.419 денари.

Од компанијата истакнуваат дека се горди на континуираниот успех и довербата која им ја укажуваат играчите:

– Во изминатите 10 години исплативме сензационални три милијарди денари кон играчите на видеолотариските игри. Работиме во согласност со важечката законска регулатива и највисоките светски стандарди, што ни овозможи да ја зацврстиме нашата лидерска позиција во електронските игри на среќа – велат од Видеолотарија Касинос Австрија.

Компанијата ги охрабрува сите играчи да продолжат да ја следат својата среќа и да играат одговорно, потсетувајќи дека добивките се реални, а среќата може да пристигне кога најмалку се очекува.

Поврзани содржини