ОРБАН И ФИЦО ГО БЛОКИРАА НОВИОТ ПАКЕТ САНКЦИИ ПРОТИВ РУСИЈА Европската Унија не доби амин за забрана на руска енергија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан синоќа изјави дека Унгарија и Словачка делуваат како тим, нагласувајќи дека не можат да го прифатат предлогот на Европската Унија за укинување на увозот на руски нафта и гас.

805

Европските лидери не успеаја да постигнат договор за најновиот, 18-ти пакет санкции на синоќешниот состанок на Европскиот совет во Брисел, при што Унгарија и Словачка останаа цврсти во своето противење на предложените мерки, објави британски Гардијан.

Посебно, тие се спротивставија на одделниот предлог на ЕУ за постепено укинување на увозот на руска енергија.






Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави синоќа дека двете земји се „еден тим“, истакнувајќи:

–Не можеме да го прифатиме предлогот на ЕУ дека повеќе не треба да купуваме руска нафта и гас.

Истата вечер, Русија наводно испукала повеќе од 350 дронови и 8 ракети кон Украина, главно насочени кон малиот западен град Старокостиантив, каде што се наоѓа важна украинска воздухопловна база.

Сепак, лидерите на ЕУ се согласија околу својот пристап кон претстојните трговски преговори со САД, при што претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави:

– Нашата порака денес е јасна – подготвени сме за договор. Во исто време, се подготвуваме и за можноста да не се постигне задоволителен договор… и ќе ги браниме европските интереси кога тоа ќе биде потребно. Со други зборови, сите опции остануваат на маса.

ФИЦО ГО КОЧИ БРИСЕЛ ЗА САНКЦИИТЕ КОН МОСКВА Словачка не се откажува од руски гас ни по 2028 година

Поврзани содржини