САД ГИ ОДЛОЖИЈА САНКЦИИТЕ ЗА СРПСКАТА НАФТЕНА ИНДУСТИЈА Даден ѝ е уште еден месец да ја отстрани руската сопственост

Во меѓувреме, „Газпром Нефт“ префрли околу 5% од својот удел на „Гаспром“, руска компанија која не е опфатена со западните санкции, па сега уделот на „Газпром Нефт“ во НИС е помал од 50 проценти (44,85).

127

САД ги одложија санкциите врз Нафтената индустрија на Србија (НИС) до 29 јули, објави националната телевизија РТС.

Ова е четврто одложување на целосното спроведување на американските санкции објавени поради рускиот удел во сопственоста.






Минатата недела, компанијата НИС поднесе барање до Министерството за финансии на САД за издавање посебна лиценца што го одложува целосното спроведување на санкциите.

Ова барање, како и во претходните случаи, беше поддржано од Владата на Србија.

Компанијата НИС беше санкционирана поради таканаречениот „секундарен ризик“, односно поради нејзината поврзаност со рускиот Гаспром Нефт, кој е под западни санкции поради руската инвазија на Украина.

НИС е единствената компанија во Србија што се занимава со истражување, производство и преработка на нафта и природен гас.

Во меѓувреме, „Гаспром Нефт“ префрли околу пет проценти од својот удел на „Гаспром“, руска компанија која не е опфатена со западните санкции, па сега уделот на „Гаспром Нефт“ во НИС е помал од 50 проценти (44,85).

Дури и со променетата сопственичка структура, руските компании сè уште имаат мнозински удел во НИС.

Поврзани содржини