ИЗРАЕЛ НАПАДНА ПАЗАР ВО ГАЗА СО ДРОНОВИ, УБИЕНИ 18 ПАЛЕСТИНИЦИ Хуманитарната помош е стопирана на север

Според исказите на очевидци, израелските дронови испукале ракети кон полицајци на Хамас, облечени во цивилна облека и маски, додека се обидувале да ги спречат продавачите да продаваат стока, ограбена од камион што превезувал хуманитарна помош.

641

Најмалку 18 Палестинци беа убиени во израелски напад со дронови врз пазар во централна Газа, Деир ал-Балах, откако израелските дронови ја таргетирале полициската единица на Хамас која се обидувала да ја преземе контролата врз пазарот, изјавија лекар и сведоци.

Според исказите на очевидци, израелските дронови испукале ракети кон полицајци на Хамас, облечени во цивилна облека и маски, додека се обидувале да ги спречат продавачите да продаваат стока, ограбена од камион што превезувал хуманитарна помош, објави Би-Би-Си.






Видео снимките од последиците покажуваат тела на земја и панични купувачи додека амбулантните возила брзаат да им помогнат на повредените.

Лекар во болницата Ал-Акса во Деир ал-Балах изјави за Би-Би-Си дека 18 тела се донесени во мртовечницата.

Министерството за внатрешни работи, контролирано од Хамас, го осуди нападот, нарекувајќи го „нов злостор“ насочен кон полициска единица одговорна за одржување на јавниот ред.

Светската здравствена организација (СЗО) вчера објави дека нејзината прва медицинска пратка во Газа од 2 март е доставена во средата.

– Девет камиони со медицински материјали, 2.000 единици крв и 1.500 единици плазма беа транспортирани без никаков грабеж „и покрај условите со висок ризик – изјави шефот на СЗО, Тедрос Гебрејесус.

Помошта е суспендирана на север

Израел го суспендираше протокот на хуманитарна помош на север од Појасот Газа, но сè уште дозволува влез од југот, изјавија во четвртокот 2 официјални лица.

Одлуката е објавена откако беше прикажано видео од маскирани мажи во камиони со помош. Водачите на палестинските кланови рекоа дека нивниот народ ја штити помошта, а не членовите на Хамас.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во заедничка изјава со министерот за одбрана Израел Кац пред 2 дена изјави дека ѝ наредил на војската да подготви план во рок од 2 дена за да го спречи Хамас да добие помош.

Тие се повикаа на нови непрецизирани информации дека Хамас прима помош, наменета за цивилите во северниот дел на Појасот Газа.

Во среда беше објавено видео на кое се прикажани десетици маскирани мажи, некои вооружени со пушки, но повеќето со палки, како се возат во камиони со помош.

Портпаролот на израелската Влада, Давид Менцер, изјави дека помошта сè уште влегува во енклавата од југ, но не кажа дали доаѓа и од север.

Хуманитарната фондација за Газа, поддржана од САД и Израел, која дистрибуира помош во јужните и во централните делови на Појасот Газа, во четвртокот објави на социјалната мрежа Икс дека е единствената хуманитарна организација на која ѝ е дозволено да дистрибуира храна во Газа.

Портпаролот рече дека фондацијата е ослободена од дводневната суспензија на испораката на хуманитарна помош во енклавата.

Високата комисија за племенски прашања, кој ги претставува влијателните кланови во Газа, соопшти дека камионите се заштитени како дел од процесот за обезбедување хуманитарна помош што се спроведува „исклучиво преку племенски напори“. Комисијата нагласи дека ниедна палестинска фракција, вклучително и Хамас, не учествува во процесот.

Клановите, составени од проширени семејства поврзани со крвна и брачна врска, се фундаментален дел од општеството во Појасот Газа.

Во Појасот Газа има акутен недостиг на храна и други основни потреби по речиси двегодишната израелска воена кампања предизвикана од нападот на Хамас врз Израел.

Камионите и магацините со помош честошато се ограбуваат. Очајните и гладни Палестинци честопати се виновни за ова.

Израел го обвинува Хамас дека краде помош за своите борци или ја продава за да се финансира. Хамас ги негира сите обвинувања.

Поврзани содржини