ЈОКИЌ ПОД ПРИТИСОК, СЛЕДИ НАЈВАЖНАТА ОДЛУКА Во јули ќе мора да реши дали останува во Денвер Нагетс

Што ако српскиот ас ја одбие понудата на Денвер? Јаху Њуз пишува дека тоа би испратило сериозна порака до тимот да промени нешто. Но, секогаш постои мала шанса за катастрофа, се вели во текстот.

2,045

Ова  е можеби најтешкото лето во кариерата на српскиот кошаркарски ас Никола Јокиќ. Иако е на одмор во својот роден град Сомбор и беше на возење со сплав  по реката Тара, тој ќе мора да пресече дали да потпише тригодишен договор со Денвер за 212,5 милиони евра со кој ќе му се продолжи договорот до 2030 година, анализира Јаху Њуз.

Оваа сезона беше најкомплицирана за Јокиќ и кошаркарот јасно нагласи дека сака да види промени и да има играчи околу себе со кои може да освои титула. Според анализата на Јаху Њиз, ова е шанса токму за такви промени, бидејќи отфрлањето на нов договор би испратило уште посилна порака до сопственикот на тимот, Џош Кренке.






Дали Денвер веќе направи грешка? По одлуката да ги отпушти тренерот Мајкл Малоун и генералниот менаџер Келвин Бут, кои беа во тепачка, истиот ден, поминаа 76 дена додека Денвер повторно не го ангажираше „главниот и одговорен“ за засилувања.

На крајот, беше донесена неочекувана одлука да се ангажираат двајца потпретседатели за кошаркарски операции, што изненади многумина.

Што ако Јокиќ ја одбие понудата на Денвер?

„Несомнено, ако Јокиќ не го потпише ова продолжување на договорот, ќе се вклучи аларм во седиштето на Нагетсите, дури и ако никогаш јавно не го признаат тоа“, се вели во текстот.

Но, ако тимот не вклучи некое младо засилување на теренот, тогаш, заклучува Јаху Њуз, би било несериозно да се рече дека Јокиќ во иднина 100% ќе биде врзан со Нагетсите.

„Сите кои ги следат НБА и однесувањето на суперѕвездите во кошарката знаат дека во вакви ситуации секогаш постои макар и мала шанса за катастрофа“.

Поврзани содржини