ТРАМП ОБЈАВИ КРАЈ НА ВОЈНАТА МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН Се чека потврда од завојуваните страни

Војната почна со нападот на Израел врз Иран на 13 јуни. Израел тврдеше дека сака да го спречи Техеран да изгради нуклеарна бомба. Иран одговори на нападите, а САД се вмешаа во војната во саботата, со напад на три ирански нуклеарни постројки.

2,419

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека е постигнат договор за „целосен прекин на огнот“ меѓу Израел и Иран.

Во објава на Truth Social, Трамп рече дека прекинот на огнот ќе стапи на сила приближно шест часа откако Израел и Иран ќе ги „одбијат“ своите последни напади.






„Под претпоставка дека сè ќе се одвива како што треба, што и ќе се одвива, би сакал да им честитам на двете земји, Израел и Иран, за нивната издржливост, храброст и интелигенција во завршувањето на она што треба да се нарече Дванаесетдневна војна“, рече Трамп во објава на социјалните мрежи.

„Ова е војна што можеше да трае со години и да го уништи целиот Блиски Исток, но не се случи и никогаш нема да се случи! Бог да го благослови Израел, Бог да го благослови Иран, Бог да го благослови Блискиот Исток, Бог да ги благослови Соединетите Американски Држави и Бог да го благослови светот!“

Ниту Израел ниту Иран до раните утрински часови денеска, вторник 24 јуни, не ја потврдија веста.

Војната почна со нападот на Израел врз Иран на 13 јуни. Израел тврдеше дека сака да го спречи Техеран да изгради нуклеарна бомба. Иран одговори на нападите, а САД се вмешаа во војната во саботата, со напад на три ирански нуклеарни постројки.

Иран инсистира дека ја развива својата нуклеарна програма исклучиво за цивилни цели.

Поврзани содржини