СИТЕ РАКЕТИ СЕ ПРЕСРЕТНАТИ, ТРАМП ГО ПОФАЛИ ИРАН Време е за мир, благодарам што не загина никој, рече претседателот на САД
Во врска со денешниот напад врз американската база во Катар, со задоволство можам да известам дека, покрај тоа што нема убиени или ранети Американци, што е многу важно, нема убиени или ранети жители на Катар, наведе Трамп.
Американскиот претседател Доналд Трамп со објава на својата социјална мрежа „Truth Social“ го коментираше ракетниот напад на Иран врз американската база во Катар, посочувајќи дека сите 14 ракети биле успешно пресретнати или пренасочени, без жртви меѓу американските или катарските граѓани.
– Сакам да му се заблагодарам на Иран што ни даде рано известување, што овозможи да нема изгубени животи и никој да не биде повреден. Можеби Иран сега може да продолжи кон мир и хармонија во регионот, и со ентузијазам ќе го охрабрам Израел да го стори истото – напиша Трамп.
Тој истакна дека нападите не резултирале со никакви последици по американскиот или катарскиот народ.
– Би сакал да му се заблагодарам на високо почитуваниот емир на Катар за сè што направи во потрагата по мир во регионот. Во врска со денешниот напад врз американската база во Катар, со задоволство можам да известам дека, покрај тоа што нема убиени или ранети Американци, што е многу важно, нема убиени или ранети жители на Катар – наведе Трамп.
Со својата објава, пораката на американскиот претседател беше јасна:
„Честитки за светот, време е за мир.“