СЕМЕЈСТВО ОД МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ ЕВАКУИРАНО ОД ИЗРАЕЛ Мајка и 3 деца ќе летаат за Атина

Согласно оваа, како и претходната евакуација реализирана со владин авион на 17 јуни, заклучно со 23 јуни, вкупниот број на заинтересирани македонски државјани за евакуација од Израел изнесува 25. Меѓутоа, не сите изразиле подготвеност тоа да го направат веднаш, соопшти Министерството за надворешни работи велејќи дека во наредни денови дополнителен број наши граѓани ќе добијат можност да се евакуираат.

108

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека за утре е потврдена евакуација на четири лица, односно едно семејство (мајка и три деца). Местата се обезбедени преку израелското министерството за транспорт на Израел, во рамки на организираните летови кои се користат за евакуација на странски државјани од Израел.

Летот е планиран од Тел Авив до Атина.






„Согласно оваа, како и претходната евакуација реализирана со владин авион на 17 јуни, заклучно со 23 јуни, вкупниот број на заинтересирани македонски државјани за евакуација од Израел изнесува 25. Меѓутоа, не сите изразиле подготвеност тоа да го направат веднаш. Се очекува следните денови дополнителен број на наши државјани да добијат можност за евакуација од Израел“, соопшти министерството.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку Амбасадата во Тел Авив, останува во постојана комуникација и целосно на располагање на македонските државјани сè до нивната безбедна евакуација.

Поврзани содржини