„МАКЕДОНИЈА НИКОГАШ НЕМАЛА 1.200 АКТИВНИ ГРАДИЛИШТА“ Мицкоски порача дека во земјава повеќе не се краде, туку се гради

Премиерот Мицкоски најави градежен бум од историски размери, потенцирајќи дека никогаш досега во независна Македонија не се реализирале толку многу проекти истовремено.

1,147

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на настан заедно со заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈПДП, Коце Трајановски. Во своето обраќање, тој најави градежен бум од историски размери, потенцирајќи дека никогаш досега во независна Македонија не се реализирале толку многу проекти истовремено.

– Имаме околу 1.200 активни градилишта на кои се работи низ целата држава, а со дополнителните проекти финансирани од Владата и јавните претпријатија бројката достигнува импресивни 1.500. Ова е историска бројка што никогаш не се случила досега, а тоа покажува дека Македонија конечно се гради, наместо да се краде – рече Мицкоски.






Премиерот најави и дека в петок ќе се одржи работен состанок во Стопанската комора, на кој ќе се координираат капацитетите на домашната градежна оператива за да можат да одговорат на овој интензивен развоен план.

– Сакаме колку што е можно повеќе македонски компании да ги реализираат овие проекти. Затоа ќе направиме план и динамика, за нашата градежна оператива да го издржи темпото – истакна тој.

Мицкоски упати благодарност до пратениците од југоисточна Македонија, кои како што рече, се борат за секој проект во регионот, но и до вработените во Министерството за транспорт, ЈПДП, и до сите граѓани.

– Граѓаните се нашата инспирација. Убеден сум дека во периодот што следи, ќе реализираме уште илјадници нови проекти за подобар живот за сите – додаде премиерот.

Поврзани содржини