ТРАМП ЗНАЕЛ ЗА ИЗРАЕЛСКИОТ НАПАД УШТЕ ВО ФЕВРУАРИ? Нетанјаху му одржал предавање во Овалната соба

Според „Тајмс оф Израел“, израелскиот премиер му одржал презентација на нападот на американскиот претседател Доналд Трамп во февруари при посетата во Овалната соба, а Трамп, наместо да се придружи или да се повлече од нападот избрал среден курс, да одобри „неоткриена поддршка од американското разузнавање“.

950

Израел почнал да планира напад врз Иран уште во декември, откако уништувањето на терористичката група Хезболах и падот на режимот на Башар ал-Асад во Сирија отворија воздушен коридор кон Иран, рекле извори за „Њујорк Тајмс“.

Според „Тајмс оф Израел“, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му одржал презентација на нападот на американскиот претседател Доналд Трамп во февруари при посетата во Овалната соба, а Трамп, наместо да се придружи или да се повлече од нападот избрал среден курс – да одобри „неоткриена поддршка од американското разузнавање“.






Во извештајот на „Њујорк Тајмс“ се вели дека има мали шанси конфликтот меѓу Израел и Иран да се реши дипломатски. Весникот тврди и дека Трамп не можел да одолее да ја преземе заслугата за израелскиот напад врз Иран во петокот, 13 јуни, кога „неговата омилена телевизија Фокс њуз емитуваше снимки од нападот“.

Би-Би-Си напиша дека Трамп одржал 90-минутен состанок со својот тим во врска со можно вклучување на САД на страната на Израел во конфликтот. Тема на разговорот бил можен удар на подземната база Фордо во Иран.

Конфликтот меѓу Тел Авив и Техеран трае веќе шест ден. Додека Израел се пофали дека има целосна контрола на небото над Техеран и дека уништил третина од иранските ракетни лансери, Иранската армија тврди дека во нападот ноќта на 17 према 18 јуни употребила хиперсонична ракета од типот Фата-1.

„Волстрит Џурнал“ напиша дека на Израел му снемува одбранбени пресретнувачи на ракети „Аrrow“. Тоа е горниот слој на ракетната одбрана на Израел, заедно со „Железната купола“, која ги елиминира заканите од удари со краток дострел како што се напади од минофрлачи и ракети.

Системот „Аrrow“ не е единствената одбранбена мерка што се користи против иранските ракети. САД, исто така, имаат системи за ракетна одбрана „Патриот“ и системи за воздушна одбрана на голема надморска височина на Блискиот Исток, способни да пресретнат балистички ракети.

Според написот, разорувачи на американската морнарица, исто така, собориле ракети.

 

Поврзани содржини