СИНОТ НА СОРОС СЕ ОЖЕНИ СО СОВЕТНИЧКА НА ХИЛАРИ КЛИНТОН Наместо подароци, двојката ги замолила гостите да донираат
Хума Абедин носеше двa фустани по нарачка, дизајнирани од познатите модни куќи „Живанши“ и „Ердем“.
Хума Абедин, поранешна блиска советничка на Хилари Клинтон, и Алекс Сорос, син на милијардерот филантроп Џорџ Сорос, ја крунисаа својата љубов овој викенд на елегантна церемонија во нивната резиденција во Вотер Мил (Water Mill).
Двојката одржа заедничка церемонија која ги комбинираше муслиманските и еврејските обреди, почитувајќи го културното наследство на обете страни.
На прославата присуствуваа познати имиња од меѓународната политика и култура, вклучувајќи ги Хилари и Бил Клинтон, поранешната потпретседателка на САД, Камала Харис, екс претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси и главната уредничка на „Вог“, Ана Винтур.
– Меѓу гостите беше и премиерот на Албанија, Еди Рама, кој се појави во карирано одело, бела кошула и бордо вратоврска. Познато е дека Рама е голем пријател со семејството Сорос. Иако не сподели никакви фотографии на социјалните мрежи, присуството на премиерот Рама беше забележано од објективот на камерата на списанието „Вог“, кое детално ги документира моментите од церемонијата – објави euronews.al.
Хума Абедин носеше двa фустани по нарачка, дизајнирани од познатите модни куќи „Живанши“ и „Ердем“.
Наместо традиционални подароци, двојката ги замолила гостите да придонесат за добротворни цели.