ИРАН СЕ ОДМАЗДУВА, ЕКСПЛОЗИИ ОДЕКНАА ВО ЕРУСАЛИМ Огромни облаци од чад се издигнуваат и над Тел Авив
Иран потврди дека почнал да се одмаздува против Израел, јавува државната новинска агенција ИРНА.
Сирени за воздушна тревога вечерва се огласија во Израел откако израелската војска објави дека Иран почнал голем ракетен напад. Иранските државни медиуми објавија дека започнал иранскиот одговор на денешните израелски напади, при што се лансирани стотици балистички проекти.
Израелската војска идентификуваше ракети лансирани од Иран кон територијата на Израел како одмазда по ноќните воздушни напади врз ирански цели.
Иран истрела стотици различни балистички ракети кон Израел, што Техеран го опишува како почеток на својата разорна одмазда за израелските напади.
Ирански проектили се видени вечерва над небото над Ерусалим, а експлозии се слушаат над Тел Авив, додека израелскиот противвоздушен систем „Железна купола“ се обидува да ги пресретне.
„Пред неколку моменти, со лансирање на стотици различни балистички ракети кон окупираните територии, започна операцијата на решителен одговор на варварскиот напад на ционистичкиот режим“, објави официјалната иранска новинска агенција ИРНА.
Дописникот на „Гардијан“ за Блискиот Исток, Ема Греам-Харисон, известува од Тел Авив дека над градот се слушаат бројни пресретнувања на ракети. Eксплозии одекнаа во Ерусалим, јавува „Си-ен-ен“.
Огромни облаци од чад се издигнуваат над Тел Авив, видливи над облакодерите во центарот на градот.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) потврдија дека бран ракети бил лансиран кон Израел.
„Нападот е во тек“, се вели во објавата.
„Израел Хајом“ јавува дека ракети паднале на седум различни локации во централниот дел на земјата.
Иранските државни медиуми објавија дека започнал иранскиот одговор на денешните израелски напади, при што се лансирани стотици балистички проекти.
Инаку, Израел попладнево лансираше нова серија напади врз Иран, повеќе од 12 часа откако ја започна операцијата „Исправен лав“, кога биле погодени десетици нуклеарни и воени мети. Во вториот бран биле нападнати уштедве ирански нуклеарни постројки.
Израел кажа дека денешните напади се само почеток на продолжена операција која треба да го спречи Иран да произведе атомско оружје, при што се повикани десетици илјади војници како дел од подготовките за одбрана и напад.