📷 ЈА ПОКРИВААТ МЕУРЧИЊА НА „СРАМНИ“ МЕСТА Софија Вергара позираше во када полна со пена

1,696

Педесет и двегодишната актерка Софија Вергара објави серија заводливи фотографии на својот Инстаграм профил, вклучувајќи ја и голата фотографија од кадата, направена претходно за „Венити фер“ во соработка со модната куќа „Долче & Габана“.

На фотографијата, Софија се опушта во када со меурчиња, стратешки покриена со меурчиња, со раката зад главата. На други објавени снимки, таа позира во костим за капење со леопардски принт и со високи потпетици, а во една сцена многумина ги потсети на познатата поза од „Дрти денсинг’ додека е крената во воздух.






Неодамна, таа ги воодушеви и своите следбеници објавувајќи фотографија од топлес додека се сонча покрај базенот. „Llego el verano!☀️“, напиша таа во описот на објавата, што во превод значи: „Летото пристигна“.

Нејзината објава привлече илјадници обожаватели кои лајкнаа и коментираа, вклучувајќи ја и колешката судијка на „America’s Got Talent“, моделот Хајди Клум. „Дојди… и јас го правам истото. Се сончам“, коментираше Клум, на задоволство на бројните обожаватели.

Софија неодамна се најде во центарот на вниманието на медиумите поради нејзината наводна врска со возачот на Формула 1, Луис Хамилтон. Иако беа видени заедно неколкупати, нивната романса, според странските медиуми, не траеше долго. Се вели дека Луис го изгубил интересот, а актерката наводно се чувствувала „напуштена“ потоа.
Пред тоа, Софија беше во брак со актерот Џо Манганиело, од кого се разведе минатата година.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sofia Vergara (@sofiavergara)

Поврзани содржини