ПОЧИНА БРАЈАН ВИЛСОН Беше фронтмен и автор на хитовите на „Бич бојс“

202

Брајан Вилсон, легендарниот фронтмен и еден од основачите на една од најголемите групи на рок музиката „Бич бојс“, почина на 82 години, објави неговото семејство.

Роден во 1942 во Калифорнија, Вилсон во 1961 ја формирал групата заедно со своите двајца браќа, со  братучедот и со најдобриот пријателот.






Иако глув на десното уво, тој на 19 години открил дека има музички талент што ќе му го дефинира животот.

Брајан Вилсон беше автор на најголемиот број хитови на групата, а „Бич бојс“ е една од комерцијално најуспешните групи на сите времиња, со продадени повеќе од 100 милиони албуми.
Списанието „Ролинг стоун“ го рангираше „Бич бојс“ на 12. место на листата на најголемите музички уметници на сите времиња.
На Вилсон му била дијагностицирана параноидна шизофренија во 1984 година, кога лекарите пронашле оштетувања во неговиот мозок, што било поврзано со користењето на психоделични дроги. Во февруари 2024 беше објавено дека има деменција.
Поврзани содржини