НЕ ПОСТОИ СНИМКА ОД ЖЕЖОВСКИ НА БЕНЗИНСКА ПУМПА ВО ВЕЛЕС Паѓа во вода тврдењето дека бил снимен жив дента кога бил убиен
По 10 месеци судење и триесетина рочишта денеска во Основниот кривичен суд во Скопје со завршните зборови на јавните обвинителки Жаклина Крстевска Јосифовска и Ана Стојковиќ Димитровска почнува последната фаза од судењето за бруталните убиства на 14-годишната Вања Ѓоревска и 74-годишниот Панче Жежовски.
Адвокатот на обвинетиот Боре Видевски, Бојан Манев, не успеа да ја обезбеди снимката од бензинската пумпа „Макпетрол“ во Велес, за која тврдеше дека го покажува убиениот Панче Жежовски на 22 ноември 2023 година околу пладне, што го доведуваше во прашање денот на убиството на Панче, кој според обвинението е убиен утрото на 22 ноември.
Судијата Ивица Стефановски го праша адвокатот на Боре, Манев, дали го обезбедил видеото од бензинската пумпа на „Макпетрол“.
– Не го обезбедив поради немање технички можности. Не го најдов доказот – рече Манев.
Обвинителката беше прашана од судот за видеото, дали тоа видео воопшто постои како доказ. Таа рече:
– Не постои видеозапис од бензинската „Макпетрол“, на кој се забележани обвинетите или оштетениот. Од таа причина по доставеното барање за доставување податоци, прибавен е и прегледан видеозаписот, но не е доставен како доказ, оти на него ги нема предметните лица.
Судијата рече дека штом доказот не е обезбеден, а одбраната мора да го обезбеди, тогаш не се прифаќа.
Откако никој друг немаше да приложи други докази, судијата ѝ даде збор на обвинителката која почна со завршните зборови.
По 10 месеци судење и триесетина рочишта денеска во Основниот кривичен суд во Скопје со завршните зборови на јавните обвинителки Жаклина Крстевска Јосифовска и Ана Стојковиќ Димитровска почнува последната фаза од судењето за бруталните убиства на 14-годишната Вања Ѓоревска и 74-годишниот Панче Жежовски.
ЗОШТО ГИ УБИЈА ВАЊА И ПАНЧЕ? Судот ќе ги слушне завршните зборови на Обвинителството