9 МИЛИОНИ ЕВРА ЗАВРШИЛЕ ВО ФИРМА НА ЗАЕВ ВО БУГАРИЈА Фирмата за ископ на јаглен била блиска до Филипче

Ова е скандал за кој ЈО мора веднаш да отвори постапка и да реагира. Милиони евра завршиле во фирми на Заев, блиски до Филипче само од еден тендер. Одговорност мора да има, порачаа од партијата на власт.

291

Огромни суми кои се бројат во десетици милиони евра, од продажбата на јаглен на ЕСМ завршувале на сметки на фирми директно на Заев, а кои имаат тесна врска со Венко Филипче, рече денеска на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

– Фирмата која му го купила луксузниот џип на Филипче, „Зобек мининг груп“ продавала јаглен на ЕСМ по цена од 82 евра, а го купувала за 30-тина. Разликата во цена никогаш не влегла во Македонија. „Зобек мининг груп“ уште во Грција за наводен ископ на јаглен исплатила 9 милиони евра кон фирмата на Заев во Бугарија, Гомасидра – рече Петрушевски.






Тој додаде дека оваа фирма на Заев е регистрирана на истата адреса во Петрич, Бугарија, како и фирмата на Венко Филипче, „Пауер ај 8″(POWER i8 Ltd).

– Овде има и законска и морална дилема и проблем. Додека Заев и Филипче велеле дека немаат врска со државни тендери, тие всушност биле во милионска шема со државни тендери. Ова е скандал за кој ЈО мора веднаш да отвори постапка и да реагира. Милиони евра завршиле во фирми на Заев, блиски до Филипче само од еден тендер. Одговорност мора да има – порачаа од партијата на власт.

Поврзани содржини