ГОФ ЈА ПОБЕДИ САБАЛЕНКА Американката првпат го освои „Ролан Гарос“
Во машкото финале утре ќе играат Јаник Синер (Италија) – Карлос Алкараз (Шпанија).
Американката Коко Гоф попладнево ја победи Белорусинката Арина Сабаленка во финалето на „Ролан Гарос“ со 6:7 (5:7), 6:2 и 6:4.
Мечот во Париз траеше 2 часа и 40 минути.
Гоф забележа 3 аса, направи 8 двојни грешки и реализираше 9 од 21 брејк топка.
Сабаленка имаше 2 аса, 6 двојни грешки и реализираше 6 од 13 брејк топки.
Гоф за првпат во кариерата го освои Отвореното првенство на Франција. За 21-годишната Американка ова е втор грен слем турнир откако го освои УС Опен во 2023 година.
Во машкото финале утре ќе играат Јаник Синер (Италија) – Карлос Алкараз (Шпанија).