АЛКАРАЗ СЕ ИЗБОРИ ЗА ФИНАЛЕ Со сигурност нема да има лесен противник

Натпреварот на теренот „Филип Шатрие“ во Париз беше многу интересен во првите два сета, но на почетокот на третиот Мусети доби проблем во левата бутина. Италијанецот се обиде да продолжи да игра, но на почетокот на четвртиот сет, реши да му помогне на противникот.

309

Шпанецот Карлос Алкараз ќе игра во машкото финале на турнирот Ролан Гарос втора година по ред.

Шампионот од 2024 година се квалификуваше за финалниот натпревар по 4:6, 7:6(3), 6:0, 2:0 и повлекувањето на неговиот противник Лоренцо Мусети од Италија.






Натпреварот на теренот „Филип Шатрие“ во Париз беше многу интересен во првите два сета, но на почетокот на третиот Мусети доби проблем во левата бутина. Италијанецот се обиде да продолжи да игра, но на почетокот на четвртиот сет, реши да му помогне на противникот.

Во финалето во недела, вториот светски рекет ќе се соочи или со лидерот на ранг-листата Јаник Синер од Италија или со освојувачот на 24 Гренд слем титули – Новак Ѓоковиќ од Србија, кои ќе се сретнат во второто полуфинале.

– Не е убаво да се победи вака, особено во натпревар со таков влог. Мусети имаше неверојатна сезона на земјена подлога и играше полуфиналиња на сите големи турнири на црвена подлога. Му посакувам брзо закрепнување и мислам дека наскоро повторно ќе уживаме во неговиот тенис – рече Алкараз во интервјуто на теренот по натпреварот.

Поврзани содржини