РАБОТНИК ОД КИНА СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ Паднал од платформа на градилиштето Кичево-Охрид

Вчера наутро О.З.(52) од Кина, при изведување градежни работи на автопатот во изградба Кичево-Охрид, кај селото Требеништа, паднал од дрвена платформа, соопшти полицијата.

877

Градежен работник од Кина се бори за живот во охридската болница, откако вчера паднал од платформа на градилиштето на автопатот Кичево-Охрид.

„На 3.6.2025 година во 7.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека О.З.(52) од Кина, при изведување градежни работи на автопатот во изградба Кичево-Охрид, кај селото Требеништа, општина Дебрца, паднал од дрвена платформа. Тој е пренесен во болницата Свети Еразмо во Охрид каде му се констатирани тешки телесни повреди опасни по живот“, соопшти полицијата.






Увид на местото извршиле екипа од СВР Охрид и трудови инспектори.

Поврзани содржини