ПРИВАТНИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ ГИ ПАРКИРААТ АВТОБУСИТЕ Не им се платени 2,4 милиони евра од јануари

Приватните превозници ќе ги опслужуваат линиите: 23, 45, 61, 63, 73, 9, 11, 11A, 12, 47A, 55, 19, 20, 22, 52, 54, со 105 автобуси.

1,200

Приватните автобуски превозници во скопскиот јавен превоз „Јофи Бус“, „Вестор транс“ и „Радос компани“ од денеска целосно го запреа превозот на патници со образложение дека ЈСП 6 месеци не им ги исплатил парите иако дел од нив Град Скопје веќе префрлил на сметката.

Јавното сообраќајно претпријатие им должи 150 милиони денари (2,44 милиони евра) од јануари.






– Немаме услови да продолжиме да ги одржуваме линиите. Треба да ставиме гориво во автобусите и да исплатиме плати, а од јануари не ни се исплатени парите од страна на ЈСП. Што сакаат да постигнат и ние не знаеме – вели за Плусинфо еден од директорите на трите компании кои го вршат превозот.

Тој додава дека Град Скопје само во мај префрлил 103 милиони денари (1,67 милиони евра) на сметката, но дека ЈСП не ги исплаќа обврските кон нив.

– Тоа може да се види и од порталот „Отворени финансии“.  Иако се само дел од долгот да ги имаме на нашите сметки ќе може да продолжиме да работиме, но од непознати причини ЈСП не ни ги префрла и овие пари – додава тој.

Приватните превозници очекуваат Град Скопје наскоро да објави нов повик за нив, бидејќи претходниот кој беше во траење од 2 години истече на крајот на мај.

– Сѐ додека се објави новиот повик, според договорот ние треба да продолжиме да возиме, но ако нема пари, не знаеме како тоа ќе го правиме – велат тие.

Приватните превозници ќе ги опслужуваат линиите: 23, 45, 61, 63, 73, 9, 11, 11A, 12, 47A, 55, 19, 20, 22, 52, 54, со 105 автобуси.

Поврзани содржини