📽️ ЗМИЈА ПОЛЗИ ПОКРАЈ „ФИАТ“ СРЕДЕ БЕЛГРАД? Летните температури ги донесоа проблемите
Загрижена за безбедноста на сопственикот на возилото, жената која ја забележала змијата оставила предупредувачка порака на бришачот.
„Внимание – змија во автомобилот! Ако ова е вашиот автомобил или го познавате сопственикот, проверете го возилото пред да влезете“.
Вака напишала жена во нејзина објава на страницата „Мојот Белград“ на социјалните мрежи. Таа вели дека забележала змија како се вовлекува во паркиран автомобил „Фиат“ со белградски регистарски таблички.
Загрижена за безбедноста на сопственикот на возилото, жената оставила предупредувачка порака на бришачот.
„Кобра од населбата Дорчол, мислевме дека се изумрени“, се пошегувал еден Инстаграмџија меѓу бројните коментари под објавата.
View this post on Instagram