🎥 НЕБО ВО БОЈА НА ПОРТОКАЛ Сахарска прашина ја покри Грција, најпогоден е островот Крит
Во Хераклион, небото доби портокалова нијанса, а видливоста беше значително намалена. Воздухот беше густ и тежок, што ги натера властите да им препорачаат на граѓаните, особено на постарите и на лицата со респираторни заболувања, да останат во затворени простории.
Во последните 24 часа, Крит доживеа необичен и драматичен природен феномен – огромен бран прашина од Сахара го зафати островот, претворајќи го пејзажот во сцена што повеќе потсетува на Северна Африка отколку на грчкиот Медитеран.
Особено погоден беше градот Хераклион, каде улиците, покривите на куќите и автомобилите буквално исчезнаа под жолтеникавиот слој песок.
Станува збор за т.н. „прашинска инвазија“, природен процес кој настанува кога силни ветрови од југ го подигаат ситниот пустински песок и го пренесуваат илјадници километри на север, преку Средоземното Море, директно до грчките острови. Но, оваа конкретна епизода се смета за една од најинтензивните во последните години.
Во Хераклион, небото доби портокалова нијанса, а видливоста беше значително намалена. Воздухот беше густ и тежок, што ги натера властите да им препорачаат на граѓаните, особено на постарите и на лицата со респираторни заболувања, да останат во затворени простории.
– Ова не е првпат да имаме прашина од Сахара, но овојпат беше екстремно. Сè е прекриено – прозорци, балкони, коли. Утрово едвај ја видов улицата пред зграда – раскажува Мариа, жителка на Хераклион.
Слични појави се случуваат неколку пати годишно, особено во пролетните месеци, но синоптичарите посочуваат дека интензитетот и фреквенцијата се зголемуваат, што се поврзува и со климатските промени.
Научниците предупредуваат дека овие честички, иако природни, не се безопасни – содржат фини материи што можат да предизвикаат иритации на дишните патишта, алергии, па дури и кардиоваскуларни компликации кај чувствителните категории.
Очекувањата се прашината постепено да се расчисти во наредните денови, но дотогаш, Крит ќе остане под слој песок, како потсетник колку е тенка границата меѓу континентите – барем кога дува вистинскиот ветер.
The island of Crete in the Mediterranean Sea was covered by a cloud of sand from the Sahara Desert pic.twitter.com/tuMtI9WOpD
— Sprinter Observer (@SprinterObserve) May 26, 2025