„ВАЖНО Е ДА БИДЕ ДОБАР МЕНАЏЕР“ Меџити го брани изборот на Азир Алиум за министер за здравство
Првиот вицепремиер најави и дека во наредните денови ќе ги достави во Владата предлозите за нови министри и заменици-министри, но не прецизираше точно кога тоа ќе се случи.
Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, денеска за првпат го коментираше изборот на Азир Алиу за нов министер за здравство, кој доаѓа од редовите на коалицијата Вреди.
Запрашан како доктор по информатички науки ќе се снајде на чело на Министерството за здравство, Меџити одговори дека за оваа функција најважно е да се има менаџерски капацитети.
– Пред сè треба да биде добар менаџер за функцијата министер. Имало вакви примери и во минатото, и мислам дека Алиу ќе биде добар на таа позиција – рече Меџити.
Во врска со новиот директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Аљи, кој исто така доаѓа од Вреди, Меџити кусо прокоментира на прашањето дали очекува да го следи примерот на досегашниот директор Стојанче Ангелов:
– Можеби ќе го надмине – кусо одговори Меџити.
Првиот вицепремиер најави и дека во наредните денови ќе ги достави во Владата предлозите за нови министри и заменици-министри, но не прецизираше точно кога тоа ќе се случи.