📷 БРЕД ПИТ ДРАСТИЧНО ГО СМЕНИ ИМИЏОТ Жените сега го обожаваат уште повеќе
Холивудската ѕвезда и миленик на милиони жени, Бред Пит (61) често го менуваше својот имиџ низ годините, а најновиот го открил пред неколку дена, додека уживал во возење низ Лос Анџелес, кога бил фатен со нова фризура.
Славниот оскаровец често го прилагодуваше својот имиџ на партнерките со кои беше, а наместо подолга коса, по која беше препознатлив во последните месеци, доаѓа голема, можеби и најголемата промена, која ги израдува сите негови обожавателки.
Always handsome 😍
Brad Pitt debuted a striking new look in Los Angeles this week,https://t.co/4bh8wh5dBY
Brad Pitt was spotted with a completely shaved head while driving in L.A., looking nearly unrecognizable pic.twitter.com/BYYYXeDCtO
— Beverly (@beverlyabcd) May 23, 2025
Бред Пит сега ја има најкратката фризура што некогаш ја носел, дури е изненадувачки што решил да направи ваков чекор. Ја задржал брадата, но ја скратил. Неговите многубројни обожавателки мислат дека овој имиџ одлично му стои.
Со кратка коса одамна го гледавме, кон крајот на 1990-тите и почетокот на 2000-тите. Дали на скратувањето на косата го наговорила неговата нова девојка, швајцарската дизајнерка на накит Инес де Рамон, со која е во хармонична врска, или едноставно сакал драстична промена, засега е непознато.