ЛОКОМОТИВА ГО УДРИЛА ДОДЕКА ПРЕМИНУВАЛ ПРУГА Тешко повреден пешак на премин во Хиподром

Од здобиените повреди, пешакот е префрлен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му се констатирани тешки телесни повреди.

552

Маж на возраст од 55 години е тешко повреден ноќеска кога во него удрила локомотива на железничкиот премин во населбата Хиподром, информираше Министерството за внатрешни работи.

„На 25.05.2025 година, во 01.20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на железнички премин Хиподром, локомотива сопственост на ЈП ‘Македонски железници’ удрила во пешакот С.Л. (55) од Скопје“, соопштија од МВР.






Од здобиените повреди, пешакот е префрлен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му се констатирани тешки телесни повреди.

На местото на несреќата извршен бил увид од страна на увидна екипа на СВР Скопје, а истрагата треба да утврди како се случил несреќниот настан.

Поврзани содржини