ОДЛУКА ЗА НОВ ГУВЕРНЕР НА 28 МАЈ Собранието ќе решава дали професорот Славески ќе седне на чело на Народната банка

Професорот Трајко Славески, кој во моментов ја извршува функцијата претседавач на Советот на Град Скопје, е предложен за гувернер на Народната банка. Од Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова истакнуваат дека таа се одлучила за неговата кандидатура имајќи ги предвид неговата стручност, личен интегритет, достоинство и капацитетот за успешно извршување на функцијата.

340

Во среда, на 28 мај, ќе се одржи собраниска седница на која ќе се гласа за избор на нов гувернер на Народната банка на РСМ. Според објавените информации на веб-страницата на Собранието, седницата ќе започне во 11 часот, а изборот на гувернер е прва точка на дневниот ред.

За оваа функција, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го предложи професорот Трајко Славески, кој моментално е претседавач на Советот на Град Скопје. Од нејзиниот кабинет појаснија дека при носењето на одлуката, претседателката се водела од критериуми на стручност, интегритет, достоинство и реални можности за вршење на функцијата.






Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ изрази поддршка за кандидатурата на Славески, додека СДСМ најави дека нема да го поддржи неговиот избор, оценувајќи го како партиски кадар.

Доколку биде избран, Славески ќе мора да се повлече од функцијата во Град Скопје.

ТРАЈКО СЛАВЕСКИ Е КАНДИДАТ ЗА НОВ ГУВЕРНЕР Претседателката Сиљановска Давкова предложи кој да го чува денарот

Поврзани содржини