РУСИЈА СПРЕМА НАЦРТ-ДОГОВОР ЗА ТРАЕН МИР Ќе ѝ го предаде на Украина по размената на затвореници

Ние остануваме посветени на мировно решение. Секогаш сме отворени за разговори и работиме активно на нацрт-документ кој ги утврдува условите за постигнување сигурен, долгорочен договор за решавање на конфликтот, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

310

Русија е спремна да ѝ предаде на Украина нацрт-документ во кој се истакнуваат условите за долгорочен мировен договор, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров. Тој додаде дека Русија е посветена на изнаоѓање мирно решение на повеќе од тригодишната војна, објави Ројтерс.

Русија и Украина вчера разменија по 390 воени заробници и кажаа дека ќе ослободат уште во следните денови.






– Ние остануваме посветени на мировно решение. Секогаш сме отворени за разговори и работиме активно на нацрт-документ кој ги утврдува условите за постигнување сигурен, долгорочен договор за решавање на конфликтот. Штом ќе заврши размената на воени заробеници, ќе бидеме подготвени да ѝ предадеме на Украина таков нацрт-документ, што Русија сега го комплетира – изјави Лавров.

Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, изјави дека Киев ги чека руските предлози за формата на разговори, прекин на огнот и за средба помеѓу Володимир Зеленски и Владимир Путин.

– Веруваме дека овие разговори би можеле да се одржат во проширен формат и во нив да учествува и Доналд Трамп – рече Сибиха.

Лавров ја обвини Украина дека извела серија напади со дронови врз Русија во изминатите денови, што предизвикало жртви и прекини во авиосообраќајот. Притоа додаде дека Европската Унија охрабрува такви напади за да се поткопаат мировните напори предводени од Доналд Трамп.

Русија, пак, утрово го нападна Киев со дронови и проектили, предизвикувајќи пожари низ градот, кажа градоначалникот Витали Кличко. Притоа биле повредени најмалку 8 луѓе.

🎥📷 ОКО ЗА ОКО, ЗАБ ЗА ЗАБ – РУСИЈА ИЗВРШИ БРУТАЛЕН НАПАД ВРЗ КИЕВ Главниот град на Украина во пламен, паѓале делови од дронови насекаде

 

Поврзани содржини