НАБРГУ ЌЕ ИМА ЕКОНОМСКИ БУМ ВО МАКЕДОНИЈА Крупните инвестиции на Британија ќе донесат нови инвестиции, посочува владејачката партија
Овие крупни инвестиции и проекти се од витално значење за државата и ќе донесат и нови инвестиции, ќе се поттикне регионалната соработка, ќе се олесни соработката со соседните земји и ќе се олесни учество на Македонија на регионалните пазари. Ќе се овозможи зголемување на обемот на трговијата и ќе создадеме можност за потенцијално зголемување на извозот. Ќе се овозможи Македонија да стане поатрактивна дестинација за нови странски инвестиции, кои носејќи капитал во нашата држава, ќе отворат и можности за нови вработувања, соопшти владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.
Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение информира дека со Договорот за политичка и економска соработка со Обединетото Кралство, на располагање на Македонија ќе стои најголема досега економска рамка во вредност од 6 милијарди евра.
Од партијата посочуваат дека договорот овозможува реализација на стратешки инфраструктурни проекти, меѓу кои како еден од клучните го истакнуваат проектот за изградба на брза железница на Коридорот 10.
„Со договорот ќе се реализира многу важен проект од железничкиот сообраќај, артерија на Коридорот 10. Еден од проектите за имплементација е изградба на брза железница на Коридорот 10, односно реконструкција, модернизација и изградба на уште еден колосек на пругата којашто е дел од коридорот 10, од Табановце до Гевгелија. Со развојот на железничката и патната инфраструктура се создаваат можности за поврзување, за подобар и поквалитетен живот на граѓаните“, се наведува во соопштението на партијата.
Владејачката партија најавува нов, силен циклус на економски раст, нагласувајќи дека ваквите проекти се од витално значење за државата.
„Овие крупни инвестиции и проекти се од витално значење за државата и ќе донесат и нови инвестиции, ќе се поттикне регионалната соработка, ќе се олесни соработката со соседните земји и ќе се олесни учество на Македонија на регионалните пазари. Ќе се овозможи зголемување на обемот на трговијата и ќе создадеме можност за потенцијално зголемување на извозот. Ќе се овозможи Македонија да стане поатрактивна дестинација за нови странски инвестиции, кои носејќи капитал во нашата држава, ќе отворат и можности за нови вработувања“, се вели во соопштението.