СО КОНЗОРЦИУМОТ „КРОСРЕИЛ“ СЕ ПРЕГОВАРА ЗА ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА ЗА БРЗАТА ПРУГА И останатите проекти од британскиот заем ќе се градат под будно око на тамошни експерти

Во Македонија градежниот сектор скоро и да колабираше, голем број на фирми банкротираат и јас се надевам дека со ова ќе ги внесеме во фаза каде повторно ќе бидат меѓународно конкурентни какви што беа во едни претходни времиња и затоа овој аспект за пренесување на знаења е многу значаен, вели министерот за транспорт Александар Николоски.

519

Реализацијата на проектите ќе биде поддржана од врвни експерти од Обединетото Кралство кои ќе осигурат квалитетната и навремена реализација на проектите, а од друга страна ќе го подигнат квалитетот на градежните компании во Македонија и ќе донесат нови знаења и искуства во земјава, вели вицепремиерот Александар Николоски во интервју за МРТВ.

Тој најави дека во делот на изградба на брзата железница, ќе се добие техничка поддршка од компанија од Велика Британија која го градела најсофистицираното дигитализирано метро во Лондон.

-Во однос на железницата разговараме да добиеме техничка поддршка од најсилната компанија во Велика Британија, се работи за „Кросреил“(Crossrail). Тоа е компанијата која ја изгради најновата и најдолгата линија во Лондон, првата дигитализирана метро линија во овој дел од светот, тоа е метролинијата „Елизабет” која е крстена по Кралицата Елизабета. Така што зборуваме за тој вид на експерти и зборуваме за проект од 20 милијарди фунти, значи само овој проект е 4 пати поскап од тоа што ние имаме како аранжман. Со тој профил на луѓе преговараме да дојдат да ни помогнат затоа што таквата помош е двонасочна. Едно е краткорочна, бидејќи имате сигурна и квалитетна реализација на проектот, а второ обучувате кадри за во иднина – рече Николоски.

Според него, на земјава ѝ фали добро обучени кадри со искуство.

-За жал заради годините на девастација би рекол и во децениите, во Македонија градежниот сектор скоро и да колабираше, голем број на фирми банкротираат и јас се надевам дека со ова ќе ги внесеме во фаза каде повторно ќе бидат меѓународно конкурентни какви што беа во едни претходни времиња и затоа овој аспект за пренесување на знаења е многу значаен – рече тој.

Поврзани содржини