ТИВКО РУСКО НУКЛЕАРНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ЗАПАДОТ Путин го подновува арсеналот исто како Москва во Студената војна
Според списанието „Воена зона“, новите проекти на Москва потсетуваат на оружјето на Советскиот Сојуз од почетокот на Студената војна, но сега се прилагодени за употреба од модерните борбени авиони МиГ и Сухој.
Русија ги шири нуклеарните капацитети со нови системи, меѓу кои и ракети воздух-воздух со боеви глави, пренесе „Њузвик“ цитирајќи го онлајн-списанието „Воена зона“. Пентагон наведува дека станува збор за проширување на арсеналот со ракети воздух-воздух кои можат да носат боеви глави.
Овие наводи доаѓаат во време кога аналитичарите зборуваат за новопланиранта летна офанзива на Москва во регионите Харков и во Суми, во очи на неодамнешниот телефонски разговор меѓу рускиот и американскиот претседател и украинско-руските преговори во Истанбул кои некои ги оценија како далеку од успешни.
Дали рускиот лидер Владимир Путин испраќанова порака со подновата во нуклеарниот арсенал? Агенцијата за одбранбено разузнавање на Пентагон (ДИА) потврди дека Русија веќе вклучила ракети воздух-воздух во својот инвентар заедно со нови нуклеарни системи.
Според списанието „Воена зона“, во Проценката на глобалната закана за 2025 година, објавена на 11 мај, новите проекти потсетуваат на оружјето на Советскиот Сојуз од почетокот на Студената војна, но сега се прилагодени за употреба од модерните борбени авиони МиГ и Сухој.
„Овие ракети не мора да погодат директно – доволно е да се приближат“, се вели во статијата. Се смета дека проектилите можат да соборат цели со проширен радиус, вклучително и роеви дронови.
На социјалните мрежи се шпекулира дека се работи за верзија на проектилот Р-37м.
Русија, според извештајот за глобални закани за 2025 година, располага со околу 1.550 распоредени стратешки и до 2.000 нестратешки боеви глави.
– Русија го задржува правото да употреби нуклеарно оружје доколку се соочи со агресија од западните земји – изјави Сергеј Шојгу, секретар на Советот за безбедност на Русија.
Тој истакна дека измените на нуклеарната доктрина од ноември дозволуваат употреба и при напад со конвенционално оружје врз Русија или Белорусија.
– Ако некоја држава преземе непријателски дејствија или ја загрози нашата територија, ќе преземеме неопходни мерки.
Иако тензиите меѓу Русија и Западот се највисоки од Студената војна, Пентагон смета дека употреба на нуклеарно оружје во Украина е малку веројатно, освен ако Кремљ не почувствува егзистенцијална закана.
Последното предупредување дојде во април од Сергеј Шојгу, секретар на Рускиот совет за безбедност.
– Русија го задржува правото да употреби нуклеарно оружје доколку се соочи со агресија од западните земји – изјави Шојгу за Тасс.
Тој додаде дека измените на руската нуклеарна доктрина направени во ноември ѝ дозволуваат на Русија да користи нуклеарно оружје во случај на агресија против неа или Белорусија, што вклучува употреба на конвенционално оружје.
– Во случај странски држави да извршат непријателски дејствија или да претставуваат закана за суверенитетот и територијалниот интегритет на Руската Федерација, сметаме дека е легитимно да преземеме неопходни мерки за сузбивање на таквите дејствија и спречување на нивно повторување – рече тогаш Шојгу.