ШТО ТИ НЕМА ВО ПОЛИЦИСКИОТ БИЛТЕН Се степале во козметички салон, некој се заканувал во амбасада, ги снемало пушките од стрелачки клуб…

На граничната линија помеѓу Македонија и Косово вчера се изгубиле две лица - државјани на Германија и Холандија, кои планинареле во близина на граничната линија. Известени се СВР Тетово, Центар за управување со кризи и Регионалниот центар за гранични работи Север.

471

СВР Битола поднесе кривична пријава против К.Ч.(42) од Прилеп, одговорно лице во стрелачки клуб во Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Во периодот од 02.04. до 04.04.2024, полициски службеници извршиле контрола во стрелачкиот клуб, при што било констатирано дека недостасувале поголем дел од воздушните пиштоли и пушки, на дел од воздушните пушки не биле читливи фабричките броеви, а дел од оружјето кое го има во клубот не било регистрирано во системот за регистрирање и управување со оружје во МВР.

Одделот за внатрешна контрола поднесе кривична против полициските службеници А.С. и Л.Т.М. од Велес, кои во периодот од 08.07.2020 до 06.12.2021, несовесно постапувале со предметите кои им биле доверени во вршењето на своите овластувања. По вкупно 14 предмети за сторени кривични дела „кражба“, и „тешка кражба“, пријавените не постапиле навремено, не презеле дејствија во однос на реализација и откривање на сторителите и не го известиле надлежното јавно обвинителство, со што дозволиле делата апсолутно да застарат за гонење.






На 21.05.2025 во 14.40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на 19.05.2025 околу 09 часот на сервисна улица која ги поврзува регионален пат Скопје-ХЕЦ Козјак и селото Батинци, Скопско, патничко возило удрило во малолетничка од селото Црн Врв, Скопско, по што возачот со возилото го напуштил местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 13-годишната малолетничка, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ Скопје.

На 21.05.2025 во 21.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во маркет на подрачјето на Чаир, едно лице со закана со остар предмет кон вработената, одзело пари од дневниот промет.

На 21.05.2025 во 14.00 часот во СВР Скопје, 42-годишна жена од Скопје пријавила дека нејзината малолетна ќерка добивала закани од малолетник, со кој била во љубовна врска, а откако му кажала дека таа ѝ забранила да се гледа со него, на социјални мрежи објавил нејзини фотографии со експлицитна содржина.

На 21.05.2025 во 18.40 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 15 часот во амбасада на странска земја во Скопје, едно лице упатувало закани кон вработените.

На 21.05.2025 во 19.31 часот во Секторот за меѓународна полициска соработка, од Интерпол Германија е пријавено дека на граничната линија помеѓу Македонија и Косово се изгубиле две лица – државјани на Германија и Холандија, кои планинареле во близина на граничната линија. Известени се СВР Тетово, Центар за управување со кризи и Регионалниот центар за гранични работи Север.

На 21.05.2025 во 09.45 часот во СВР Скопје, С.Т. (19) од Скопје пријавила дека на 20.05.2025 околу 17 часот во козметички салон на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходна расправија, била физички нападната од вработена во салонот.

На 21.05.2025 во 12.30 часот во СВР Скопје, Б.Т.(56) од Волково, Скопско, пријавил дека во периодот од јануари до 18.05.2025 од гробно место од Градските гробишта Бутел била одземена биста.

На 21.05.2025 во 00.28 часот во СВР Скопје, 37-годишна жена од Скопско пријавила дека околу 00.10 часот на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот сопруг Ѓ.И.(39), кој ѝ го оштетил мобилниот телефон и потоа физички нападнал и едно машко лице. Истиот ден во 18.40 часот таа пријавила дека на паркинг простор на подрачјето на Гази Баба, сопругот повторно физички ја нападнал и го оштетил нејзиното возило.

На 20.05.2025 во 15.21 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно недоразбирање, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ш.О.(56), А.О.(33) и С.О.(24), сите од Студеничани, Скопско, од една страна и  Д.П.(28), Д.П.(22) и Д.П.(19), сите од Скопје, од друга страна, при што биле употребени тврди предмети и биле оштетени едно товарно возило и едно патничко возило.

На 21.05.2025 во 23.45 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.М.(32) од Скопје, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. При приведувањето кај него е пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.М.(49) од Кичево и Н.Н.(36) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, против В.Ј.(62) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ и С.С.(61) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Прво и второпријавениот, во својство на директори на РЕК Осломеј – Кичево, во периодот од 02.09.2022 до 26.10.2023 им овозможиле на двајца работници да земаат плата во цел износ и покрај тоа што отсуствувале повеќе од три последователни или вкупно пет работни денови во текот на една година. На тој начин го оштетиле јавното претпријатие за вкупно 597.080 денари. Пријавената В.Ј., како одговорно лице во јавното претпријатие, не извршила надзор и контрола над доаѓањето и одењето од работа на работник, ниту пак извршила должен надзор и контрола над работењето на четвртопријавената, која, во својство на работник евидентичар, во лажна исправа внела невистинита содржина дека работникот е присутен на работа иако отсуствувал од работа вкупно 78 работни денови, по што исправата ја употребила како вистинита и му овозможила на лицето да се стекне со противправна имотна корист во износ од 227.771 денари.

Поврзани содржини