📽 ВОДНИОТ „ПЕКОЛ“ ВО АВСТРАЛИЈА ЗАРОБИ ЛУЃЕ НА КРОВОВИТЕ Вакво нешто не е видено 100 години на континентот

Реката Менинг во регионот достигна рекордно ниво од над 6 метри, надминувајќи го претходниот максимум забележан во 1929 година, според „9 News“.

403

Жители на помали градови близу Сиднеј останаа заробени на своите кровови, а двајца загинаа и двајца се водат за исченати во поплавите кои австралиската телевизија Еј-Би-Си ги опиша како „потоп од невидени размери“.

Реката Менинг во регионот достигна рекордно ниво од над 6 метри, надминувајќи го претходниот максимум забележан во 1929 година, според „9 News“.






Поплавите што го зафатија подрачјето на Нов Јужен Велс, северно од Сиднеј, беа предизвикани од големи количини дожд што паѓаат од вторник, 20 мај, потсетува Асошиејтед Прес.

 

Според властите, за време на поплавите биле спасени повеќе од 500 луѓе, што ги надминало претходните рекорди од 1921 и 1929 година.

Властите предупредија дека реката може дополнително да се издигне поради континуираните обилни дождови.

 

Повеќе од 80 училишта останаа затворени, а прекин на електричната енергија го погоди регионот. Околу 1.600 спасувачи од службите за итни случаи се распоредени.

 

Метеоролозите најавуваат нови обилни врнежи до петок. Бирото за метеорологија издаде предупредување за „поплави опасни по живот“ во неколку области.

Една жена изјави за „9 News“ дека таа и нејзиното семејство биле заробени околу 12 часа, опкружени со кал и со вода која постојано надоаѓала.

 

Поврзани содржини