БИЛЕ ВО ЦУТОТ НА ЖИВОТОТ Ова е двојката Израелци што беше убиена во Вашингтон

Амбасадата на Израел во Вашингтон соопшти дека нејзиниот персонал е „скршен“ од убиството.

1,251

Јарон Лишински и Сара Милграм се имињата на двојката Израелци вработени во израелската амбасада во Вашингтон што беа застрелани во центарот на главниот град на САД.

Жртвите „биле во цутот на животот“, објави амбасадата на X. „Терорист ги застрела и уби додека излегуваа од настан во Еврејскиот музеј во Вашингтон“, се вели во соопштението.






Амбасадата соопштува дека нејзиниот персонал е „скршен“ од убиството.

– Ниту еден збор не може да ја изрази длабочината на нашата тага и ужас поради оваа загуба. Нашите срца се со нивните семејства, а амбасадата ќе биде покрај нив во ова страшно време, се додава во објавата.

Високата претставничка на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас изјави дека е „шокирана“ од убиството на двајца вработени во израелската амбасада во Вашингтон.

„Нема и не треба да има место во нашите општества за омраза, екстремизам или антисемитизам. Го изразувам моето сочувство до семејствата на жртвите и народот на Израел“, напиша Калас на Х.

Поврзани содржини