📷 „ОД ОКТОМВРИ СЕ ГЛЕДАМЕ НА МАШИНСКИ“ Синот на премиерот Мицкоски ја прослави матурата

Јован Мицкоски од есен ќе стане бруцош на Машинскиот факултет, исто како и неговиот татко кој е професор на истиот факултет.

1,855

Јован Мицкоски, синот на премиерот Христијан Мицкоски ја прослави својата матура и најави ново поглавје во животот – студии на Машинскиот факултет во Скопје.

По тој повод, премиерот Мицкоски сподели семејна фотографија на социјалните мрежи, придружена со емотивна порака до својот син.






„Синко, среќна матура и добредојде во новото поглавје преполно со предизвици. Секогаш со свои сили минувај низ сите препреки. Нема да е лесно, ќе биде тешко, но сигурен сум дека ќе ги совладуваш. Од октомври се гледаме на Машински“, напиша Мицкоски во пораката до својот син.

Јован Мицкоски од есен ќе стане бруцош на Машинскиот факултет, исто како и неговиот татко кој е професор на истиот факултет.

Поврзани содржини