📽️ ЗАСТРАШУВАЧКИ СНИМКИ ОД МОЌЕН РУСКИ НАПАД СО „ИСКАНДЕР“ Украина призна дека загубила војници, 70 луѓе збришани во еден миг

Украинските блогери тврдат дека бројот на убиени лица на полигонот на украинската Национална гарда е најмалку 50, додека Русите пријавија над 70 мртви.

1,794

Националната гарда на Украина официјално го потврди нападот на руските сили врз тренинг-базата на вооружените сили на Украина во Сумиската област.

Според извештаите, шест украински војници биле убиени, а десет други ранети како резултат на нападот.






Во времето на нападот, сите биле на стрелиштето каде што вежбале гаѓање во мета.

Украинските блогери тврдат дека бројот на убиени лица на полигонот на украинската Национална гарда е најмалку 50, додека Русите пријавија над 70 мртви.

„Командата на Националната гарда на Украина претходно разви алгоритми за дејствување и издаде сите потребни упатства за дејствување во услови на закана од воздушни напади, како и за спречување на кршење на безбедносните мерки и натрупување на персонал. Во тек е официјална истрага за трагедијата. Командантот на единицата е суспендиран, а сите релевантни информации се доставени до надлежните органи“, се вели во соопштението на Гардата.

 

Истиот ден, овој факт го потврди поранешниот украински офицер Дмитриј Гнап, кој напиша на социјалните мрежи дека „се случила уште една трагедија со масовни жртви на украински војници“.

Пратеникот на Врховната Рада, Алексеј Гончаренко, исто така го потврди нападот.

– Вежбовниот полигон е практично на самата граница со Руската Федерација. Непријателот го следеше вежбовниот полигон. Беспилотното летало, кое го корегираше ударот, беше во воздух долго време. Ова е злосторство од страна на оние кои донесоа одлука да спроведат воена обука на фронтовската линија – вели Гончаренко.

Рускиот систем постојано успеваше да погоди голема концентрација на украински војници во Сумскиот регион.

Поврзани содржини