ДВАЈЦА ПИЈАНИ ВОЗАЧИ ИСКЛУЧЕНИ ОД СООБРАЌАЈ Ќе се гонат за безобѕирно управување со моторно возило

Измерени им биле 1,56, односно 1,55 промили алкохол во крвта по што биле исклучени од сообраќај.

127

Двајца возачи се лишени од слобода поради тоа што управувале со возило во алкохолизирана состојба, соопшти полицијата.

Ноќеска (21.05.20250 во 01.10 часот во селото Јанковец, Ресенско, полициски службеници го лишија од слобода М.Е.(35) од селото Радолишта, Струшко. При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,56 промили алкохол во крвта.
Десетина минути после полноќ на 21.05.2025 во Пробиштип лишен е од слобода О.Т.(39) од Пробиштип. При сообраќајна контрола е сопрено патничко возило „опел мерива“ со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,55 промили алкохол во крвта.






Двајцата возачи биле исклучени од сообраќај и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Поврзани содржини