САД ГРАДАТ „ЗЛАТНА КУПОЛА“ Трамп најави штит што ќе пресретнува напади од Земјата и од вселената

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека системот, проценет на 175 милијарди долари, ќе биде целосно функционален пред да му истече мандатот во 2029 година.

206

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера откри повеќе детали за планираниот заштитен штит за воздушна одбрана на земјата или „Златна купола“, наменет за одбивање дронови и проектили, пренесе ДПА.

Трамп рече дека системот, вреден 175 милијарди долари, ќе биде „целосно оперативен пред крајот на неговиот мандат“. Вториот мандат на Трамп треба да заврши во 2029 година.






– Златната купола ќе се интегрира со постоечките одбранбени способности на САД. Откако ќе биде целосно изградена, Златната купола ќе биде способна да пресретнува проектили дури и ако се лансирани од другата страна на светот и дури и ако се лансирани од вселената. Ова е многу важно за успехот, па дури и за опстанокот на нашата земја – рече Трамп.

Според него, Канада изразила интерес за учество во проектот.

Трамп потпиша извршна наредба, насловена „Железната купола за Америка“, за да го започне проектот само неколку дена по неговата инаугурација во јануари.

Оригиналната Железна купола е израелски ракетен штит, дизајниран на почетокот на 2000-те за пресретнување ракети со краток дострел, како и гранати и минофрлачи.

Поврзани содржини