СЕ ВОВЕДУВА НОВА ТАКСА ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА Ќе се наплаќа по 2 евра за мали пратки

Мерката ја побара Франција, која на крајот на април предложи наплата на „такса“ за секој мал пакет што влегува во ЕУ.

131

Европската комисија предложи воведување на такса од 2 евра за секој мал пакет што влегува во Европа, од кој огромното мнозинство доаѓа од Кина.

– Зборуваме за 2 евра по пакет, што би ги платила платформата (која го испраќа пакетот) – изјави европскиот комесар за трговија Марош Шефчовиќ.






Лани во ЕУ биле увезени околу 4,6 милијарди пакети.

Според Шевчовиќ, идејата е да се финансираат контролите, за кои се очекува да бидат зајакнати поради приливот на пакети со ниска вредност испратени од Азија, преку платформи како што се Шеин или Тему.

Мерката ја побара Франција, која на крајот на април предложи наплата на „такса“ за секој мал пакет што влегува во ЕУ.

Поврзани содржини