КОСОВО ЗАБРАНИ УВОЗ НА ПИЛЕШКО ОД БРАЗИЛ Птичји грип од Рио Гранде на пат кон Балканот?

Птичјиот грип е високо заразна вирусна болест што главно ги погодува птиците, а ретко може да се пренесе и на луѓето. Иако досега нема докази дека вирусот се пренесува преку консумирање пилешко месо или јајца, косовската Агенција за храна и ветеринарство појасни дека забраната за увоз е воведена како претпазлив чекор за заштита на јавното здравје и безбедноста на храната.

87

Агенцијата за храна и ветеринарство на Косово забрани увоз на пилешко месо и други производи од живина од Бразил поради појава на птичји грип.

Привремената забрана стапува во сила веднаш и е одговор на потврден случај на птичји грип на комерцијална фарма во бразилската сојузна држава Рио Гранде. Агенцијата наведува дека бразилските власти за појавата на птичји грип јавиле на 16 мај.






„Птичјиот грип е многу заразна вирусна болест, која првенствено ги погодува птиците и може да се пренесе на луѓето во ретки случаи. Иако нема докази, што укажуваат дека консумирањето на живинско месо или јајца го пренесува вирусот, забраната за увоз е превентивна мерка за да се обезбеди безбедност на храната за нашите граѓани“, соопшти косовската Агенција за храна и ветеринарство.

Агенцијата посочува дека одлуката е во согласност со меѓународните практики и ги следи постапките на други земји, вклучувајќи ја Европска Унија и Кина, кои исто така го суспендираа увозот на пилешко месо од Бразил откако беше потврдена епидемијата.

Поврзани содржини